Заедничката македонско-бугарска историска комисија денес и утре одржува состанок преку Интернет, објави БГНЕС.

Ова е втор состанок за оваа година и 14-та од основањето на комисијата по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство во август 2017 година. Се очекува годинава да се одржат вкупно пет состаноци. Поголемиот дел од минатата година, Комисијата не работеше поради изборите во РС Македонија, кои се одржаа минатото лето.

На денешната средба, историчарите од обете страни повторно разговараат за прашањето за царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата. Враќањето во средниот век е доказ за големи разлики во ставовите на двете комисии околу клучните историски теми.

Новинарот на БГНЕС потсетува дека пред околу две години бугарските и македонските научници постигнаа делумен консензус за царт Самоил, но очигледно е дека таа тема не е се уште затворена.