Загадениот воздух е многу актуелна тема деновиве. Оваа тема треба да не засега бидејќи со секојдневното одење на работа сме изложени на загадениот воздух, а она што може загадениот воздух да му направи на нашиот организам е тема за која треба да се размисли. Целосна заштита од штетните честички не постои, но сепак постојат неколку чекори што можеме да ги превземеме за да се заштитиме од загадениот воздух.

Наједноставно решение е да заминеш некаде надвор од градот, но доколку тоа не е возможно постојат и други начини како барем малку да се заштитиш:

# Колку и да негодуваш да ги носиш заштитните маски додека си некаде надвор, тие помагаат при заштитата. Знаеме дека некои од нив и не изгледаат баш најубаво и најпривлечно, но можеш да ги ишараш со обични маркери и да не изгледаат толку едноставно и застрашувачки.

# Доколку ти си единствен/а во твоето друштво што носи маска и ти е непријано поради тоа време е да ги натераш и останатите да го направат истото. Така нема да се издвојуваш, а и сите во твоето друштво ќе бидат заштитени од штетните честички.

# Не вежбај и не шетај надвор додека е многу загадено. Нивото на загаденост на воздухот многу лесно можеш да го провериш на Интернет преку најразлични апликации, па така ќе знаеш кога воздухот е најзагаден за да останеш во домот.

# Одржувај го чист воздухот во твојата соба. Кога ќе забележиш дека нивото на штетните честички надвор е намалено проветри ја собата или доколку во домот имате прочистувач на воздух стави го накратко во твојата соба.

# Во твојата соба стави неколку растенија, тие се природни филтри и ќе се погрижат за јаглеродниот диоксид и другите загадувачи.

# Колку и да мислиш дека јадењето овошје изеленчук нема никаква врска со загадениот воздух се лажеш. Внесувањето витамини и минерали како и зголемената количина на витамин Ц ќе го заштитат твојот организам од опасните молекули што ги вдишуваш.

# И се разбира ако сакаш да помогнеш како поединец, почесто користи го јавниот превоз и активирај се во борбата против загадувањето.