Веќе два дена Скопје руши рекорди, но овој пат поради мала или нула загаденост, а не поради голема загаденост.

Во делот на Скопје каде што се наоѓа нашата продукција нашите мерења на загаденоста покажуваат нула ПМ честички, што ќе признаете дека е состојба која не е многу секојдневна во нашиот град.

Инаку стигна објаснување и за валканиот дожд кој пред неколку дена врнеше не само во Скопје туку и низ целиот Балкански полуостров. Според метеорологот Слободан Ничковиќ секоја година од Сахара се подигнуваат преку ветерот од 20 илјади до 700 илјади тони песок. Сахара учествува со со околу 60 отсто во глобалната емисија на песок. Според Ничковиќ појавата на сахарски песок најчесто се јавува во периодот од март до октомври, во интервали на секои 15 до 20 дена. Тие епизоди на зголемена концентрација не траат повеќе од еден до два дена и не претставуваат опасност по здравјето, тврди Др. Ничковиќ.


One thought on “СКОПЈЕ РУШИ РЕКОРДИ!”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *