Овие две простории се од голема важност за секој американски претседател и во нив се донесуваа одлуки и се потпишуваа договори кои го обликуваа современиот свет.

Овалната канцеларија е веројатно најпознатиот дел од Белата куќа, и ја претставува канцеларијата на американскиот претседател. За разлика од другите простории, секој претседател избира мебел според неговиот вкус по стапувањето на функција. Денешниот изглед на Овалната соба беше даден во 1909 година за време на мандатот на претседателот Вилијам Тафт. По пожарот во 1929 година, просторијата е реновирана, а мебелот е заменет .

Во 1933 година, претседателот Френклин Д. Рузвелт побара да се прошири Овалната соба, а потоа на просторијата и беше даден денешниот монументален изглед, со големи прозорци, ново осветлување и украс на гипс во форма на грбот на американскиот претседател на таванот.


Напишете коментар