Ако изборите за новиот состав на Народното собрание на Бугарија беа одржани во првата половина на септември, резултатите ќе беа следниве: Коалицијата на ГЕРБ и СДС ќе освоеше 22,5 отсто од гласачите во Бугарија. На второ место се бугарските социјалисти, партијата БСП кои според овие резултати ќе освои 16.1 отсто. Демократска Бугарија или партијата зад која стои екс бугарскиот премиер, Иван Костов е трета со 15,8 отсто од гласови, на разочарувачко четврто место за нив е партијата на шоуменот Слави Трифонов, Има таквов народ со 15,5 отсто, а ДПС или партијата на Турците ќе има 11,9 отсто. Над цензусот од четири отсто е само уште партијата на Маја Манолова ИБГНИ со 4,8 отсто.

Под цензусот останува партијата на Красимир Каракачанов која е во слободен пад и сега едвај тежи 2,4 отсто на анкетите.

Анкетата е направена од Галуп Интернационал во период од 2-ри до 10-ти септември, со теренска анкета со која се опфатени 1007 полнолетни Бугари.

И покрај водството на ГЕРБ на анкетите во истото истражување рејтингот на Бојко Борисов е на историскиот минимум од 15,1 отсто. За споредба, рејтингот на претседателот на Бугарија, Румен Радев е 65,5 отсто.