Славица Ѓукиќ Дејановиќ беше претседател на српското Собрание, беше министер за здравство, а по професија е лекар невропсихијатар. Таа во емисијата Ќирилица ги објаснуваше своите средби со Ратко Младиќ и Слободан Милошевиќ.

Јас на крајот отидов во затвор да го прегледам Ратко Младиќ и да разговарам со него. Тоа беше во времето кога бев претседател на Собранието и не барав согласност од претседателот на државата и од мојата партија. Јас бев свесна за фактот дека може да се случи кога ќе се вратам повеќе да не бидам претседател на Собранието, вели таа и додава:

Јас навистина не сум зборувала за тоа порано. За жал, Ратко Младиќ не беше на тоа психолошко ниво каков што го знаевме. Тој беше со руинирано здравје, кога разговарав со него, но тој стана и ми салутираше како на претседателот на Собранието. Тој ми рече: “Слушнав дека сте добар невропсихијатар. Ако мојот ментален статус веќе мора да постои во некое досие, тогаш тоа нека го направи некој што е и на државна позиција, а во исто време е експерт. Тој всушност рече на радио дека би сакал да го прегледам и јас отидов и го сторив тоа.

Откако падна од власт Милошевиќ, раководството на мојата партија формираше тим кој требаше да биде таму и да комуницира со граѓаните од едната страна и со претседателот на партијата, вели таа. Бевме повеќемина, но на крајот останав јас со уште две или три лица. Требаше да се види како секој ден од околината на Слободан, како се приближуваше денот на неговото апсење, како неговите пријатели, семејни, лични, неговите партнери во државните работи полека исчезнуваат.

Дејановиќ раскажува: Кога Слоба отиде во Хаг, неговиот прв роденден таму, требаше да го обележиме и наша партиска делегација да замине во Хаг. Тој рече дека би сакал и јас да бидам во таа делегација. Тоа беше датумот кога се ожени мојот близок роднина, барајќи предходно од мене датум кога ќе можам да бидам слободна и да присуствувам на свеченоста.

Јас реков дека ќе одам друг пат во Хаг, вели таа, а потоа од Хаг ми се јави Слободан и ме праша: Здраво, Славица! Во што е проблемот што ти не сакаш да дојдеш во Хаг? Јас му реков дека ќе дојдам, кога тој веќе ми се јавува. Тогаш членовите на нашата партија му објаснија на Слобо дека тој ден имав свадба, затоа што јас немав срце тоа да го направам. Потоа тој ми се јави и рече дека посетата е одложена за една недела од денот кога беше планирано сите да дојдеме. Тогаш тој ми рече дека сакал да бидам во таа прва делегација токму затоа што се памети првата, а останатите ќе се повторуваат – рече Славица Ѓукиќ Дејановиќ во емисијата Ќирилица.

Тој имаше можности да замине во странство и да го смени својот идентитет, вели таа и додава:

Го прашав зошто не го прифаќа тоа. Имаше многу различни понуди. Меѓутоа, нему тоа не му паѓаше на памет, иако беше свесен за апсењето во Белград и за одведување во Централниот затвор и дека тоа е чекор кон апсењето во Хаг. Отидов кај Коштуница, кој рече дека може да ми се заколне во се на светот дека Слоба никогаш нема да оди во Хаг. Бев со Ѓинѓиќ кој рече: “Вие социјалистите можете да си ги пресечете вените на еден или друг начин. Тој ќе биде во Хаг. Јас сум тука затоа што тој ќе биде во Хаг”. Она што е реално е самиот тој историски настан, кој е продолжение на нашиот национален компулзивно повторен случај. Ние како народ повторно учествувавме во лишување од живот и слобода на човек кој бил на чело на нашата држава, рече Славица.

Тој беше свесен за сè, како и за својот крај, но сакаше редоследот на настани да биде токму таков каков што и беше. Тој активно учествуваше во сето тоа. Мене веќе не ме сака мојот народ и јас немам право на тоа, и рекол Милошевиќ кога го прашала зошто не ја прифати понудата да ја напушти земјата. На тоа јас му реков дека се крие и Караџиќ, на што тој ми одговори дека него го поддржува неговиот народ. Мислам дека тој се водеше од тоа и така размислуваше, објасни Ѓукиќ-Дејановиќ.