Денеска се „заокружија“ осум години од 24 декември 2012 година – денот кога пратениците од социјалдемократските редови, тогаш во опозиција, беа исфрлени од собраниската сала, заедно со новинарите во галеријата, кога се носеше Буџетот за 2013 година

Со пораки „Режим никогаш повеќе“ и обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ и денес продолжува со своите политики, владејачкиот СДСМ се сеќава на црниот понеделник.

„Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија.

24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина.

Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството.

Ја живееме слободата.

Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања.

Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.

Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното.

Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори.

Режим – никогаш повеќе!“

Слободата и демократијата немаат цена.Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија,…

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, December 23, 2020