Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години: Кој ќе одбие - казна од 1.650 евра


Луѓето кои се позитивни ќе имаат можност за 10-дневен карантин дома или во објект обезбеден од владата

Словачката влада ќе ја вклучи армијата во тринеделна програма за тестирање на сите граѓани над десет години за вирусот корона, пишува Гардијан.

Минатата недела беше лансирана тридневна пилот-програма во четири региони на северот на земјата, а понатамошно масовно тестирање ќе биде организирано овој викенд и следниот со цел да се достигне бројката од четири милиони возрасни и да се изолираат оние кои се заразени. 
Војската ќе обезбеди помош на околу 20.000 медицински персонал кој работи на илјадници полигони за тестирање.

 Резултатите ќе бидат дадени приближно во рок од половина час од земањето мостри. Луѓето кои се позитивни ќе имаат можност за 10-дневен карантин дома или во објект обезбеден од владата. Оние кои не сакаат да го направат тестот за антиген, ќе мора да бидат изолирани 10 дена или да се соочат со парична казна од 1.650 евра.