Претседателот на Словенија, Борут Пахор, изрази загриженост дека во рамките на Европската Унија може да се создаде поделба меѓу источниот и западниот дел.

Многу словенски експерти, меѓу кои и Јоже Менцингер, поранешен Ректор на Универзитетот во Љубљана, предупредуваат дека ЕУ сега се наоѓа во слична положба како СФРЈ на крајот од 80-те години на минатиот век.

Обраќајќи се на годишниот собир на словенечките дипломати на Брдо кај Крањ, Пахор рече дека Словенија отсекогаш го градела својот национален интерес со зајакнување на единството во ЕУ и изрази надеж дека ќе остане така и во иднина.

Иако ЕУ е во одредена криза и блокада, растечките поделби што се забележуваат во неа не се во интерес на Словенија, истакна Пахор, потенцирајќи дека стратешките документи кои ја дефинираат надворешната политика на неговата земја укажуваат на желбата на Словенија да биде во центарот на европската интеграција и дека поддржува продлабочена и проширена ЕУ.

Мора да бидеме особено внимателни доколку продолжи кризата со развојот на ЕУ, мора да бидеме внимателни за да не се појави нова поделба меѓу Истокот и Западот – рече Пахор, нагласувајќи дека оваа поделба би била различна од онаа што моментално постои меѓу земјите-членки на ЕУ.

Тој изрази уверување дека, како и секој пат досега, Германија и Франција ќе најдат решение за прекинување на блокадата во која се наоѓа ЕУ и зајакнување на нејзиното единство и додаде дека Словенија треба да биде дел од тоа решение.

Пахор рече дека, кога станува збор за глобалните односи и односите со Русија и Кина, Словенија „не се стреми да воспостави рамнотежа меѓу Русија и Соединетите држави“.

Секако дека сакаме добри односи со Русија и Кина, но Соединетите држави се наш сојузник и привилегиран партнер во таа смисла, рече Пахор, истакнувајќи дека неодамнешната посета на државниот секретар на САД, Мајк Помпео на Словенија, е „величествена работа“.


One thought on “Словенците, кои имаат искуство со распадот на СФРЈ, предупредуваат: На ЕУ и се заканува поделба на Исток и Запад!?”
  1. За С.Македонија најбитно е нејзиното интегрирање и рангирање на листата на ЕУ, без да се проектираат источни и западни поделби. Нашата земја природно и’ припаѓа на Европа и нејзиниот легислатива ред, а наедно како членка на НАТО нејзин втор стратешки партнер е Америка. Concernant la Macédoine du nord elle a le but primordial de s’intégrer à l’UE dans laquelle il ne faudrait point projetter des divisions orientales ou occidentales. Notre pays naturellement appartient à l’Europe et son acquis communautaire comme manière d’organiser la vie légale et en même temps il a son partenaire secondaire dans l’OTAN donc l’Amérique

Напишете коментар