Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1048 нови инфекции со коронавирус од 4457 тестирани, што е повеќе од двојно повеќе од претходниот ден. Процентот на позитивни тестови се уште е околу 24 проценти, поради што владините претставници вчера изразија релативен оптимизам дека врвот на вториот бран на епидемијата веќе поминал, и покрај сè уште загрижувачкото зголемување на хоспитализациите.

Сепак, во владата има спротивставени мислења за тоа дали да се ублажат ограничувачките мерки или да се заострат, јавуваат словенечките медиуми.