Еден Словенец ги собори сите можни рекорди во примањето на вакцината против Ковид-19, тој примал неверојатна бројка од 23 дози.

Зад неговиот рекорден број примени вакцини, не стои страв од инфекција и зараза од вирусот, туку како што пишуваат словенечките медиуми, тој ги примал вакцините за пари во име на други луѓе, со цел тие да се здовијат со Ковид-19 сертификат.

За да ја примите вакцината против Ковид-19 во Словенија, доволно е да покажете картичка за здравствено осигурување без фотографии и дополнителни легитимации.

Ова не е единствениот случај, бидејќи неколку медиуми претходно објавија информации за Словенец кој шест пати бил вакциниран против Ковид-19 поради истата прилина.