Универзитетската болница Шарите во Берлин е веројатно најдобрата медицинска установа во Германија. Словенечкиот лекар, имунолог Андреј Трампуж е раководител на одделот за инфектологија и септичка хирургија во оваа болница.

Инаку во болницата Шарите беше лекуван и рускиот опозиционер, Алексеј Навални.

Според мислењето на Андреј Трампуж нема да има трет бран на пандемијата. Трет бран имаше кај шпанскиот грип, но беше многу помал и многу послаб од првиот и вториот бран. Но, тогаш немаше вакцина.

Сега вакцинара ќе дојде многу брзо како никогаш порано во историјата, вели тој. Значи, веројатно нема да има трет бран, и ако навистина има вакцинација во јануари, тогаш мислам дека дури и вториот бран ќе биде запрен брзо. Исто така, имаме среќа што коронавирусот не мутира како што мутира сезонскиот грип, каде што имаме други видови секоја година, објаснува д-р Трампуж.

Коронавирусот е секогаш ист, така што првата вакцина ќе не заштити со месеци, а можеби дури и со години, вели тој.

Нема да биде траен имунитетот од вакцината, објаснува д-р Трампуж. Имунитетот ќе падне по неколку години, но ако се појават нови инфекции кај вакцинираните лица, ќе знаеме дека мора повторно да ги вакцинираме. Сега засега не знаеме дали за тоа ќе бидат потребни месеци или години.

Според Трампуж, ако во тој момент нема да има вирус, прашањето ќе биде дали навистина треба повторно да се вакцинираат. Можеби е доволно само високо ниво на следење, па ако се појави некаде, да се организира вакцинирање.

Проблемот со овој вирус, вели тој, е што се шири многу брзо, но повторно не толку брзо за да се зарази целото население на планетата. По една година, можеби сме заразени десет проценти. Тоа исто така значи дека никогаш нема да го достигнеме имунитетот на стадото, можеби за неколку години, но тогаш би имале една милијарда мртви.

На почетокот не знаевме како реагира вирусот, објаснува д-р Трампуж и додава:

И јас им дадов на стотици луѓе различни антивирусни лекови, бидејќи чувствувавме дека иако знаевме малку, тие не можат да бидат штетни. Ние денес не даваме ништо затоа што знаеме дека ништо не функционира. Единственото нешто што успеа и што продолжуваме да го даваме се имуносупресиви, кортизон, кортикостероиди кои ја намалуваат воспалителната реакција. И во потешки случаи, ова мора да се даде многу брзо, веднаш по интубацијата. Ова го намалува воспалението, што е поштетно од самиот вирус, вели тој.

Така, со малку среќа, можеме да постигнеме пациентот многу брзо да се симне од респираторот или дури респиратор да не мора да биде потребен. За жал, сè уште имаме 30 проценти од луѓето кои умираат на апарати за дишење. Реално, не можеме да влијаеме премногу.

Податоците што ги добивме се навистина добри, смета д-р Трампуж. Тие беа проверени од независни институции. Никој не очекуваше дека ќе вакцините ќе бидат ефикасно 95 проценти, мојата проценка секогаш беше дека тоа ќе биде од 60 до 70 проценти. Со оглед на високата ефективноста на вакцините, нема да биде потребно да се вакцинираат 80 отсто од луѓето и 50 проценти да се вакцинираат ќе бидат доволно за да не се шири вирусот.