Словенија до крајот на февруари ќе добие 26.000 дози од новоодобрената вакцина против коронавирус од производителот „Модерна“.

Европската комисија и „Модерна“ се согласија на испорака од 80 милиони дози со можност за зголемување на уште 80 милиони. Словенија има право на 369.767 дози од секоја залиха.