Портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин, остро ги критикуваше хрватската влада и епидемиолозите, обвинувајќи ги за „извезување“ на вирусот корона во Словенија.

Не и сакам и не и посакувам ништо лошо на Хрватска, но таа ( заради растот на случаи на инфекциј со корона ) станува сериозна закана за земјите од ЕУ, а поради големиот број наши туристи, првенствено е закана за Словенија, рече Кацин.

Кацин додаде дека времето ќе покаже дека ситуацијата во Хрватска е „многу драматична“

„Имам многу причини за загриженост“, рече Кацин, додавајќи дека неговите предупредувања биле „добронамерни“.

Ако Хрватска самата не се грижи за подобра епидемиолошка слика, додаде тој, тогаш никој не може да им помогне!

Во интервјуто, за љубљанскиот неделник Репортер, Кацин беше многу критичен кон бавните одлуки на хрватската влада да ја ограничи работата на ноќните клубови и на другите места за забава, од каде, според словенечките епидемиолози, доаѓаат повеќето увезени инфекции во Словенија, а ги пренесуваат млади луѓе кои летуваат на хрватското крајбрежје.

Во разговорот, Кацин реторички прашал „дали е неопходно отворање на вакви клубови во Хрватска заради туристичката сезона“ или заради „екстра профитот“ на некои влијателни сопственици на клубовите.


Напишете коментар