Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 2.217 нови инфекции со коронавирус од 7.515 направени тестови, објави во средата словенечката влада, но во владата нема договор за тоа дали треба дополнително да се заострат рестриктивните мерки во борбата против коронавирусот.

Во моментов има 1.171 пациент примен во болниците за Ковид-19, што е за 19 повеќе од претходниот ден, додека има 193 во единиците за интензивна нега, што е за двај пациенти повеќе од вчера. Бројот на умрени во последните 24 часа е 27, така што 605 лица починаа од Ковид-19 од почетокот на епидемијата, објави Министерството за здравство.

Како што напиша министерот за здравство Томаж Гантар во својот твит во средата наутро, бројот на нови пациенти е двојно поголем од претходниот ден, а процентот на позитивни тестови е 29,5 проценти, што е знак дека треба да се засилат мерките.

Бројот на нови инфекции опаѓа премногу бавно, расте потребата за нови болнички кревети, а здравствените работници се исцрпени, меѓу нив има многу кои се заразија. Додека не се појави ситуација кога повеќе луѓе ќе бидат отпуштени од болниците отколку што ќе бидат примени нови пациенти, ова е ситуација во која би било добро да се засилат мерките, рече Гантар.

Подобро е да се засилат мерките за пократок период, со цел да се овозможи транзиција кон новата нормалност што е можно поскоро“, рече во својот твит словенечкиот министер за здравство, кој претходниот ден потврди дека и предлага поостри мерки на Владата, но демантираше дека има намера да поднесе оставка на министерската функција.

Гантар предложи заострување на постојните ограничувања за ограничено време од две недели, за да се намали ризикот вториот бран на епидемијата да добие уште посериозни димензии.

Сепак, владата досега не се согласува со тоа, па портпаролот на Владата Јелко Кацин изрази оптимизам на владината прес-конференција дека епидемијата се смирува и ги толкуваше резултатите од вторникот поинаку од Гантар.

Според Кацин, малку повисокиот процент на позитивни тестови е резултат на промена на протоколот според кој членовите на семејството на заразените се тестираат последните денови, состојбата во болниците е сеуште сериозна, но растот на хоспитализираните не е толку стрмен како порано и е во постојано намалување од 3 ноември, кога беше највисок.

Вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата се искачи на 48.934, од кои 20.712 случаи се активни, а инциденцијата од 14 дена е намалена на 988 заразени.