Албанскиот премиер Еди Рама повтори дека тој е во политика случајно и дека отсекогаш сакал да биде уметник.

Отсекогаш сум бил исполнет со едноставниот начин на живот .Сум сакал да бидам сликар или професор по ликовна уметност, толку многу што никогаш немав амбиции да бидам премиер – рече Рама за француски Форбс.

Тој рече дека долго се двоумел дали да влезе во политиката кога му било понудено министерско место, но дека кога веќе бил во политиката сака да направи нешто за својата земја.

  • Албанија имаше многу тешко минато, најтешко од сите комунистички земји, па јас бев нестрплив да учествувам во нејзиното обновување – рече тој и се пожали дека додека беше градоначалник на Тирана не беше толку критикуван како сега кога е премиер.

Многу ми е криво што моите способности како уметник не ги истакнав никогаш. Но желбата никогаш нема да згасне – рече Рама.