Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доби закани по неговиот живот дека ќе виси на бандера. Овие закани на Вучиќ му се упатени преку твитер поради неговата објавува во врска со вакцината за коронавирус.

Корисник на Твитер кој се потпишува како „Ливингман“ му испратил смртна закана до Вучиќ. Таа закана следаше како реакција на твитер објавата на српскиот претседател во врска со вакцините.

Тргнавме во потрага по вакцини, да набавиме најбезбедни вакцини за граѓаните на најбрз можен начин, прво да ги намалиме, а потоа целосно да ги запреме катастрофалните ефекти на короната врз животот на луѓето во Србија и нашата економија, напиша Вучиќ на својот твитер профил.

На ова следуваше брутален коментар:

Сите некогаш ќе висите на бандери – напиша овој твитерџија.

До каде оди таа омраза кон Вучиќ и неговите настапи во јавноста е веќе алармантно. Дури и на една ваква вест за најголемата зараза што го снајде светот, како што се коронавирусот и спасот од него, ќе се најде некој што ќе упати ужасни закани?