Во последната недела од Ковид 19 починале 127 луѓе што е за 41,1% повеќе во однос на претходната недела.94 лица биле на возраст над 60 години, 19 од починатите имале од 50 до 59 години,  9 од 40 до 49 години, 4-ца  биле на возраст од 30 до 39 години и едно лице од 20 до 29 години.Зголемен е и бројот на заразени за 25,5%..

Регистрирани се  7280 нови случаи од 35 градови.Најмногу заразени има во Скопје.Веднаш зад него се Тетово,Куманово,Штип и Прилеп.Најзастапена е возрасната група над 60 години, а веднаш зад нив се луѓето меѓу 30 и 49 години.  Државниот здраствен и санитарен инспекторат ќе прави вонредни инспекциски надзори за зголемената смртност следејќи го патот на лекување на одредени пациенти почнувајќи од матичниот лекар до институцијата каде што настапила смртта.