На 2 ноември Кујтим Фејзулај уби четири лица во Виена. Нападот бил планиран, но неговото извршување било испровоцирано или барем забрзано со СМС пораката што ја добил тој ден.

Според австрискиот портал „krone.at“, 20-годишен Албанец од Македонија, кој живеел во Виена, добил кратка порака, што предизвика верижна реакција.

Пораката му ја испратил мобилен оператор, откако напаѓачот повикал полиција на 31 октомври преку опцијата „итен повик“ на неговиот мобилен телефон поради кражба во подрумот на зградата во која живеел.

Два дена откако повикал полиција, Кујтим Фејзулај добил известување во 16,36 часот: „Вашиот телефонски број беше лоциран на 31 октомври во 14,46 часот и сите податоци беа проследени до полицискиот оддел во Виена“.

Пораката очигледно се однесуваше на неговиот повик на 31 октомври, но тој веројатно паничи откако го поврза со претходната набавка на оружје, пишува „Кронен цајтунг“.

Иако пораката не беше причина за нападот, туку фактот дека тој бил приврзаник на Исламската држава, сепак таа порака можеби била само иницијатор, проценува весникот. Имено, само три часа и 14 минути подоцна, напаѓачот истрчал низ улиците на Виена вооружен со калашников и пиштол и случајно убивал луѓе. Откако уби четири лица и повреди 22 лица, полицијата го уби.

Првично се претпоставуваше дека тој свесно го избрал датумот на нападот: последната вечер пред да се воведе делумен карантин во Австрија и пред да се затворат рестораните и баровите.

Истрагата за „Кронен цајтунг“ доведува до заклучок дека Кујтим Фејзулај подготвувал напад, но дека датумот сè уште не бил точно одреден.

Виена се уште е во грч по терористичкиот напад во кој загинаа најмалку четири лица и беа повредени повеќе од 20, а дури сега почнаа да се откриваат некои детали за овој грозоморен напад.

Имено, до неодамна не беше познато како исламскиот терорист Кујтим Фејзулаи, Албанец од Македонија, стигна до локацијата во центарот на Виена, од каде започна крвавиот атак.

Според австриските медиуми, има тврдења дека напаѓачот дошол на местото на злосторството користејќи ја транспортната компанија Убер.