Поранешниот службеник на Националната безбедносна агенција „NSA“, Едвард Сноуден, наскоро ќе аплицира за добивање руско државјанство.

Тоа го потврдил неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.

„Сите неопходни документи ги подготви и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање на руско државјанство“, рекол Кучерена, пренесе „ТАСС“.

На крајот на октомври Сноуден доби неограничена дозвола за престој од руските власти.

Како службеник на Националната безбедносна агенција „NSA“, Едвард Сноуден во 2013 објави строго доверливи податоци за методите на електронски надзор кои ги применуваат американските разузнавачки служби, вклучувајќи и илегални прислушкувања на странски лидери.