Остана непознато со кого беше на ручек лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред два дена на улица Боемска во Дебар маало?

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци ги објави имињата на пријателите на Мицкоски со кои тој имал ручек. Со Мицкоски биле д-р Владимир Столевски од Градската Болница во Скопје кој, според Ивановска, бил интимен пријател со Јасна Мандиќ од Меѓународниот Сојуз на “Боки 13” која беше дел од истрагата во аферата Рекет и од страна на Судот и беше одредена мерката куќен притвор.

Вториот пријател на Мицкоски бил наследникот на Сашо Мијалков на чело на УБК, Љупчо Андоновски. Пред изборите во 2016 Андоновски беше виден на трибина на реформаторите во Домот на АРМ. Синот на Андоновски имаше неколку настапи на медиумите како советник на Мицкоски.

И последно е името на Ален Зекиров, кој седел на страна. Зекиров беше поранешен шеф на обезбедувањето на Сашо Мијалков.

Се на се многу луѓе на Мијалков биле на Боемска со Мицкоски! Мицкоски во неколку интервјуа изјави дека со Мијалков ги прекинале контактите по неговото исклучување од ВМРО ДПМНЕ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *