Неименуван напаѓач убива и повредува луѓе со лак и стрела во Норвешка.

Според последните информации, човекот бил уапсен откако повредил и убил неколку луѓе со лак и стрела.

Евакуирани се неколку области, а полицијата вели дека е рано да се каже дали нападите се поврзани со тероризам, пишува РТ.

Наводно голема површина во близина на Конгсбург и Нибура била евакуирана и оградена откако напаѓачот пукал со лак и стрела во неколку луѓе кои се движеле по улица. Истражителите не исклучуваат дека станува збор за терористички напад, изјави шефот на локалната полиција, кој одржа прес -конференција по нападот и го потврди апсењето на единствениот осомничен.

Времето ќе покаже, им рече тој на новинарите на прашањето за потенцијална терористичка врска.

Форензичките истражители сега работат во областа во обид да ги следат претходните движења на напаѓачот. Според локалните медиуми, по нападот во областа биле распоредени и припадници на норвешката елитна полициска единица (Делта) и воени сили.