Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата во сабота во 20 часот по локално време или во недела во 02 часот по средно европско време, од неговиот имот во Вилмингтон, откако американските медиуми ја прогласија неговата победа.

Предходно, изборниот тим на Бајден соопшти дека избраниот претседател ќе и се обрати на нацијата од Вилмингтон, Делавер, а ќе му се придружат сопругата Џил Бајден, новоизбраниот потпретседател Камал Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф.

Бајден излезе пред народот со песна од Брус Спрингстин. Тој ги поздрави сите собрани и рече:

Луѓето на оваа нација го кажаа своето – вие ни донесете јасна и убедлива победа. Победивме со најголем број гласови во истотијата, дури 74 милиони! Ветив дека ќе бидам претседател кој ќе ја обединува нацијата, претседател кој нема да гледа црвени и сини држави, туку само обединети држави, рече Џо Бајден во обраќањето до нацијата.

Голем дел од говорот на Бајден беше за обединување и помирување во држава која беше многу поделена во последните години.

Нашите ривали не се наш непријател. И тие се Американци!

Време е да ја отстраниме острата реторика, да се намали температурата, да се погледаме едни со други, повторно да се слушаме и да одиме напред, мора да престанеме да се однесуваме кон нашите противници како наши непријатели. Тие не се наши непријатели. Тие се Американци. рече Бајден.

Библијата ни кажува дека има време за сè и сега е време да се лекуваме, рече Бајден.

Тој рече дека е време да се врати демократијата. Тој исто така рече дека ќе донесе план за борба против коронавирусот веднаш по инаугурацијата.

Нека заврши ова темно време на демонизација во Америка сега и тука, рече тој.

Вечерва целиот свет ја гледа Америка. Америка е светилник, рече Бајден.

По говорот на Бајден, сите заедно излегоа на сцената.