Турција го тестираше рускиот против воздушен систем С-400 на американски борбени авиони Ф-16 во ноември 2019 година, изјави извор близок до турската воена индустрија за рускара агенција ТАСС.

Во текот на вчерашниот ден, неколку медиуми објавија дека рускиот ракетен систем бил тестиран на американски авион.

Порталот „Fighter Jets World“ објави видео од турскиот канал ТРТ, на кој се прикажани руските системи С-400 и американските авиони Ф-16 и Ф-4 од ноември 2019 година.

Да, ваквите тестови навистина се случија во ноември минатата година – изјави извор за ТАСС.

Русија потпиша договор за продажба на ракетни системи С-400 на Турција, вреден 2,5 милијарди долари.

Соединетите држави и НАТО побараа од Турција да се повлече од договорот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *