Помошта за Македонија од 8.000 фајзерови вакцини е братски и пријателски потег на Србија кон таа земја и ја покажува одговорноста на Србија, која знае дека не живее во затворен сад и дека се грижи за соседите, изјави денес српскиот претседателот Александар Вучиќ и додаде:

Кога треба да помогнеме? Кога е лесно? Претпоставувам дека помагаме кога е тешко, рече тој.

Тој рече дека Србија ќе помогне колку што може, додавајќи дека и македонскиот премиер Зоран Заев е доволно снаодлив, кој бараше и се бореше за својата земја.

Оваа изјава денес ја пренесоа и српските и македонските медиуми. Со коментари од типот дека за три години од диктатор Вучиќ стана пријател за Заев кој му помага со вакцини кога никаде ги нема ниту Мицотакис ниту Бојко Борисов.

Вучиќ тие осум илјади вакцини ги третира како добрососедски гест на Србија, но во основа тоа е знак на силно менување на српската политика кон Македонија. Јавна тајна беше дека Белград посакуваше ВМРО и Мицкоски да дојдат на власт во Македонија. Не само што посакуваа туку и помагаа колку што можеа.

Имаше најмалку неколку средби меѓу Вучиќ и Мицкоски, меѓу Мицкоски и првиот човек на медиумската империја на Пинк Телевизија, Жељко Митровиќ, кој е исклучително лојален на Вучиќ, а исто така, дел од пи-ар експертите и експертите за истражување на јавното мислење на Вучиќ работеа за Мицкоски.

Заев беше обнинуван дека преку Скопје сака да направи македонско сценарио во Белград и дека преку Скопје одат октивностите за рушење на Вучиќ. Односно ако преку Будимпешта се рушеше Милошевиќ, тогаш преку Скопје се руши Вучиќ.

И одеднаш таква блискост меѓу Вучиќ и Заев. Еве да ги прифатиме коментарите во македонската јавност дека Заев е тотално неспособен и дека морал да моли кај Вучиќ за овој да му ги даде вакцините кои не му требаат. Но зошто Вучиќ воопшто има потреба да му дава вакцини и да го спасува Заев?

Затоа што е веќе одигледно дека Вучиќ ги менува приоритетите. Тој одлучи да игра на картата на Заев а не на картата на Мицкоски и со овој потег Вучиќ го пушта Мицкоски низ вода. Помошта на Мицкоски може да оди преку проруската структура околу СПЦ но Вучиќ ќе стои подалеку од тоа.

Тоа се виде уште во интервјуто на лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Сроилковиќ за божиќното издание на белградска Политика каде е тој беше директно прашан зошто не е дел од владината коалиција. Ние побаравме интервју од Стоилковиќ но тој одговори дека е сега рано за интервју. Тоа во превод значи дека чека инструкции од Белград што да прави на политички план. И дали ќе ја следи политиката на Вучиќ или на новиот поглавар на СПЦ. И која струја ќе победи во битката за тронот во СПЦ.

Во текот на ноември имав неколку интервјуа и неколку разговори во Белград каде беше јасно дека позициите на Мицкоски не се ни приближно толку добри како пред една година. Гестот со вакцините на Вучиќ тоа само го потврдуваат.


One thought on “Со вакцините за Заев, Вучиќ одлучи да го пушти Мицкоски низ вода!?”

Comments are closed.