Собранието треба да биде конституирано до 1-ви август, а Владата да биде формирана до 1-ви септември. Тоа е планот на меѓународната заедница за Македонија. Државата треба да има функционална власт пред да се влезе во решавање на косовскоти прашање.

Затоа Зоран Заев имаше зелено светло да организира избори и во услови на бојкот на опозицијата. Како што му дозволија на Александар Вучиќ во Србија и лани на Еди Рама во Албанија.

За некој ден и Хрватска ќе има парламентарни избори, а на крајот на август се закажани избори во Црна Гора. Избори не беа дозволени само во Косово како што бараше сменетиот косовски премиер, Албин Курти.

На крајот од оваа недела ќе биде новата српско косовска средба на највисоко ниво под покривителство на човекот од најголема доверба на Доналд Трамп, Ричард Гренел, кој беше поранешен амбасадор на САД во Германија.

Иако се најавуваат разговори само за економски прашања, сепак сите се свесни дека ќе се договара финалниот статус на Косово. Затоа се потребни функционални влади во целиот регион.

Ако Русите не му дозволуваат на Вучиќ признавање на Косово тоа лесно може да значи нов конфликт. Генерална проба веќе беше направена со упадите на косовските специјални единици во Северно Косово. На таква акција Вучиќ сега ќе мора да интервенира.

За неколку дена ќе биде многу појасно. Албанија, преку министерот за надворешни работи, најави дека нема да се меша во преговорите. А во Црна Гора, е создадена една многу силна српска црковна енергија која во секој момент од енергија против Мило Ѓукановиќ може да биде насочена против Александар Вучиќ.


Напишете коментар