Сончево и топло време се очекува денес на скопското подрачје при што максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Попладне претежно во северозападните и северните делови на земјава, како и во Пелагонија ќе има услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17 а максималната ќе достигне 33 степени.

Од понеделник до среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.


Напишете коментар