Лидерот на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева демантираше дека боледува од паркинсонова болест. Тоа го изјави во вечерашната емисија Во Центар која се емитува секоја недела и четврток во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Според Грчева, таа направила детални контроли и тие покажале дека не станува збор за паркинсонова болест, туку за некоја стара спортска повреда или за некаква нус појава на операција на слепо црево.

Во интервјуто Грчева тврди дека резултатите на парламентарните избори, на 15 јули, 2020 година не одговараат на реалноста и дека на нејзината партија само во Државната изборна комисија и се украдени 14 илјади гласови.

Грчева тешко го прифаќа фактот дека на изборите освоила само 2800 гласови или 0,31 отсто од излезените гласачи и проценува дека двете големи партии биле здружени на изборите за таа да не стане член на Собранието.

Грчева смета дека опозицијата треба да се обедини на следните избори.

Интервјуто трае 80 минути. Можете да го погледате на следниот линк:


3 thoughts on “Солза Грчева: Не боледувам од паркинсонова болест!”
  1. […] Лидерот на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева демантираше дека боледува од паркинсонова болест. Тоа го изјави во вечерашната емисија Во Центар која се … […]

  2. […] Лидерот на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева демантираше дека боледува од паркинсонова болест. Тоа го изјави во &#107… […]

Comments are closed.