Сопругата на украинскиот претседател е заразена со вирусот корона, примена e во болницата. Олена Зеленски, сопруга на украинскиот претседател Владимир Зеленски, била примена во болницата откако била тестирана позитивна за корона вирусот.

Претседателот и нивните две деца исто така беа тестирани за корона, а нивните резултати беа негативни.

Сопругата на украинскиот претседател е во болница, таа е во стабилна состојба и не е потребна помош од респиратор, јавија здравствените власти во Украина.

Бројот на заразени со вирусот корона во Украина се зголемува во последните неколку недели, откако во голема мерка беа олеснети рестриктивните карантински мерки.

Во Украина се вкупно заразени 32.476 лица, а досега починале вкупно 912.


Напишете коментар