Основниот суд во Скопје, денес ги прогласи за невини поранешниот први човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и поранешниот прв човек на специјалната полициска единица, алфите, Ивица Анчевски, кои беа обвинети во случајот Тортура.

Во пакетот со Мијалков и Анчевски беа ослободени и уште пет други припадници на специјалната единица-алфи. Тие беа дел од случајот Тортура кој се однесува на за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Судскиот совет на чело со судијката Александра Ристеска (пр)оцени дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал дека тие се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Инаку, овој случај се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарни избори на 5 јуни 2011 година. Бошковски беше уапсен во познатиопт скопски ресторант Воденица, а како било постапувано со него можеше да се слушне од телефонскиот разговор на “началниците” Сашо Мијалков и Драган Павловиќ Латас.

Но, интересно во целиот случај е дека судијката која го “ослободува” Мијалков случајно е сопруга на еден од адвокатите ( шестмина на број, како што беше информирана јавноста ) на Јордан Камчев во случајот плацеви на Водно, каде Камчев е еден од осомничените заедно со денес “ослободениот” Мијалков.

Во судските кулуари се шпекулираше дека структури блиски на овој судско-адвокатски тим имаат ветувано ( или тргувале со влијание како што е денес модерно да се каже ) можно ослободување во домашен притвор на обвинетиот и притворениот Камчев поради здравствени причини ( тахикардија )!? Тоа беше во периодот пред неколку недели кога поради тахикардија Камчев заврши на кардиологија во Клиничкиот центар во Скопје.