Европската унија не смее да прави компромис за условување на распределбата на парите на земјите-членки со почитување на владеењето на правото, а нејзиниот одговор на предизвикот поставен од Унгарија и Полска ќе утврди дали таа ќе опстане како отворено општество, посветено на вредностите врз кои е основана.-тврди американски финансиер со унгарско потекло Џорџ Сорос.

Тој во авторски текст за порталот „Проект синдикат“ со седиште во Прага рече дека Унгарија и Полска, иако имаат најголема корист од буџетот, силно се спротивставуваат на условување со владеење на правото, како што е утврдено од ЕУ, пренесува Танјуг.

Како што рече, тие две земји знаат дека се одговорни за „шокантното кршење“ на владеењето на правото и не сакаат да ја платат цената.

„Во случај да нема договор за новиот буџет, стариот буџет, кој истекува на крајот на 2020 година, ќе се продолжи на годишно ниво. „Унгарија и Полска не би добиле средства од тој буџет затоа што нивните влади го кршат владеењето на законот“, рече Сорос.

Тој додаде дека унгарските опозициски партии се обидуваат да формираат заеднички список на кандидати со кои би се кандидирале на изборите во 2022 година, но, како што вели, има шанси за успех, бидејќи Орбан ги сменил изборните правила.

Покрај тоа, вели Сорос, Орбан ја контролира целата земја, како и медиумите, и во многу села, гласањето не е тајно.