Во своето последно интервју, еден од најмоќните луѓе на светот, Џорџ Сорос, изрази надеж дека на американскиот лидер Доналд Трамп “ќе му дојде крајот“ во ноември.

Неговата фондација активно го зголемува финансирањето за непријателите на американскиот претседател. На пример, во јули тој објави дека издвоил повеќе од 200 милиони долари за правата црнците во Америка, односно за движењето Black Lives Matter кое активно се бори против Трамп.

Оваа година Сорос издвои 260 милиони долари (20 проценти) од неговиот буџет за финансирање на организации лојални на демократиите, односно тој го потроши секој петти долар од фондот на борбата против Трамп, пренесуват медиумите.

Не постои ниту еден конфликт во кој Фондацијата Сорос не учествуваше. Неговата идеја за отворено општество е насекаде, тој е познат по тоа. Но, тој е составен дел на американските тајни служби. Тие ја подготвуваат основата за сите дејствија.

Сорос беше прогласен за непожелен прво во Русија, а потоа и во неговата татковина, Унгарија. Неговата мрежа започна да слабее и во Америка. Тој презеде погрешен чекор кога инвестираше стотици милиони долари во изборната кампања на Хилари Клинтон. Таа го поддржа уште од 2009 година. Додека Хилари беше државен секретар, таа на високи позиции назначуваше луѓе што беа лојални на Сорос.

Сепак, сè се смени кога на власт дојде Доналд Трамп, со кого Сорос не може да владее и манипулира. Актуелниот претседател на Америка има многу пари и тој знае што е манипулацијата. Но, милијардерот не се откажува и се обидува да го ослабне одвнатре.

Протестите Black Lives Matter, во кои црнците се борат за своите права, започнуваат, како и секогаш, со одлични идеи и завршуваат со програми финансирани од Сорос.

Милијардерот не се откажува, кога ќе претрпе пораз, сонува за реванш. Без оглед на неговата возраст, тој е подготвен трпеливо да чека за да ја постигне целта.


Напишете коментар