Денес општата состојба на патријархот Иринеј се влоши, како последица на вирусот Ковид-19, објави Српската православна црква.

Постојаниот совет на лекари, во присуство на лекар, ја следи општата и клиничката состојба на патријархот. Јавноста ќе продолжи да се информира за здравствената состојба на патријархот – се наведува во соопштението, кое го потпишува советот на лекари.

Патријархот се лекува во Воената болница во Белград од 5 ноември.