Најмалку пет лица беа спасени, а две беа убиени кога 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската црноморска провинција Бартин.

  • Пет лица беа спасени од руски товарен брод – рече гувернерот на провинцијата Бартин, Синан Гунер, а пренесе ТАСС, повикувајќи се на Анадолија.

Од руската амбасада во Анкара за ТАСС изјавија дека дипломатите работат на откривање на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.