МВР има задача да прави анализа на спроведување на законските решенија. Неприменливите закони се мртво слово на харитија. Ги усогласивме Законот за прекршоци со Законот за безбедност во сообраќајот и сега ги решаваме полека проблемите, изјави министерот Оливер Спасовски во денешното интервју за МТВ.

„Се соочуваме со проблемот со нерегистрирани возила, возила кои имаат повеќе издувни гасови од нормалното, возила кои се неисправни, мотоцикли кои беснеат по улиците. Сега, ако начекаме неипсравно возило, или мотоцикл, ќе може да се одземе во рок од три дена и ако се потврди дека е така тогаш се одзема на три месеци, исто е и со нерегистрираните возила. Многу возачи возат неисправни возила, но сега, ако тој направи два прекршока во една година, тогаш му се одзема трајно возачката. Тоа се возачите кои се закана по животот и безбедноста на луѓето. Ги опфативме и електричните тротинетии, прецизиравме каде да се движат, каква заштитна опрема да имаат и со колкава брзина смеат да се движат“, објасни министерот за внатрешни работи.

Се осврна и на инцидентите со несовесно возачи кои улетуваа на плоштади со цел да бидат атракција на социјалните мрежи.

„Секогаш ќе се најде по некој мангуп за да се пофали на социјалните мрежи со цел да покаже дека е интересен. Наша задача беше да ги откриеме, да ги санкционираме овие случаи. Е сега, казните се такви какви што се, но мораме тие казни да ги направиме поголеми за да спречиме вакви појави. Тие мора да се свесни дека може да загрозат нечиј живот. Имаме намалување генерално на сите прекршоци, но се уште ги имаме оние појави како возење под дејство на алкохол, возење со голема брзина, возење нерегистрирано возило, тука ни требаат повисоки казни за да влијаеме врз несовесните возачи.“- потенцираше Спасовски.

Гостување во утринска програма на МТВ

Гостување во утринска програма на МРТ.

Posted by Oliver Spasovski on Thursday, January 14, 2021