Одеднаш поранешниот Претседател на Собранието Трајко Вељановски стана битен фактор на политичката разврска во Македонија. Затоа деновиве имаме анализи дека обвинението за Трајко Вељановски е на стаклени нозе и дека истото мора да падне.

Зошто е Трајко Вељановски толку важен? Се разбира поради настаните на 27 април 2017 година. Трајко Вељановски е коцката во мозаикот што може да направи лепење на настаните од 27 април со Никола Груевски!?

Петар Богојески, еден од преставниците на т.н. Реформатори во ВМРО ДПМНЕ, во емисијата Во Центар изјави дека по губењето на власта Никола Груевски преговарал за негово заминување во Унгарија но и за условно речено амнестија ( бидејќи никој од нив не е осуден ) за неколку негови блиски соработници. Едниот од нив е наводно Трајко Вељановски!?

Се сеќавата дека Талат Џафери направи се, минатата година, во собраниската постапка да не му биде одземен пратеничкиот имунитет на Трајко Вељановски.

Затоа Трајко Вељановски не беше ставен на листите на ВМРО ДПМНЕ на изборите на 15 јули. Прво, ќе беше очигледно дека тоа се прави да му се обезбеди имунитет. И второ, во ВМРО ДПМНЕ навистина веруваа дека на овие избори ќе победат со 12 пратеници разлика.

Во тој момент Зоран Заев очигледно се уште го почитуваше договорот со Никола Груевски, направен со странски посредници, за “договорно” заминување на Груевски во Будимпешта по успешното гласање во Парламентот за промена на името.

Очигледно дека е сега нешто сменето. Дека инструкциите кои по изборите ги има добиено Заев се дека мора да се расчисти со целиот криминал ако сака да остане на власт. Тоа подразбира и расчистување со настаните од 27 април. Но, како што му кажа и Претседателот Пендаровски, да паднат и неколку крупни глави во СДСМ.

Перформансот на потпишувањето на договорот меѓу Белград и Приштина во Белата куќа покажа дека за да се спаси самиот Вучиќ ја пушти целата структура на стариот дип стејт низ вода. Вклучително и во Македонија.

Затоа е таа нервоза која ја гледаме овие денови бидејќи секој настојува да ја спаси својата кожа.

Заев имаше тешко промашување со случајот Империја каде на послужавник му беше ставена целата Олигархија но и старата бизнис структура на Никола Груевски. Тоа беше оправдано со гласањето за промена на името.

Но, малкумина приметија дека во случајот Империја се споменува Поштенска банка, која е во сопственост на групацијата на Трифун Костовски. Не пропадна Поштенска банка, но пропадна Еуростандард банка.

Истрагите во Еуростандард банка ќе покажат многу интересни работи. Мислите дега гувернерката Бежовска ќе ја затвореше Еуростандард банка без согласност на некои моќни странски амбасади во државата?

Сега Заев мора да се спасува самиот и затоа ги дава оние изјави дека ако има направено криминал и Сашо Мијалков ќе оди во затвор.

И затоа мора да се расчисти случајот со 27 април. Во оваа фаза е судењето на крупните риби, односно организаторите на тој настан, а таму се казните од 15 години па нагоре. Што ќе рече дека можноста некој да се пријави како заштитен сведок е голема. А тоа може да биде голема опасност за Никола Груевски!?

Прв на удар ќе биде Трајко Вељановски, затоа целата одбрана сега ќе се гради околу Трајко Вељановски.

Тука е небитна позицијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тука е клучно како во исто време да се спасат Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јордан Камчев. Толку се испреплетени тие нивни меѓусебни односи што е тешко како еден да биде жртвуван за другите да се спасат.