Нуклеарната ракетна крстарица „Адмирал Нахимов“ ќе биде најмоќниот воен брод по модернизацијата, според проценката на американското списание „Форбс“.

Списанието наведува дека модернизацијата на рускиот брод е скоро завршена. Ако ги споредиме големината на бродот, “Адмирал Накимов“ и американскиот брод од типот „Ајова“, ќе видиме дека тој е помодерен „според концептот и вооружувањето“.

„Новото оружје и сензорите ќе овозможат да стане најмоќниот воен брод во светот“, се наведува во анализата на Форбс.

Гигантскиот брод на проектот „Орлан“ 11442М ги засени сите воени бродови. Има неверојатен арсенал на оружје, вооружен е со ракети П-700 „Гранит“.

„Поради својата големина и сложеност, бродот е скап за одржување и ракување“, пишува Форбс. Русија има два бродови, Петар Велики и адмирал Накимов, кои припаѓаат на проектот Орлан 11442М.

Модернизирамиот „адмирал Нахимов“ ќе има хиперсонични ракети „Циркон“, кои ќе бидат „приоритет во системот на вооружување на руската морнарица“.

Комплексот на противвоздушната одбрана на бродот ќе биде системот „Форт-М“, кој е „модернизирана верзија на ракетата С-300“. Тој ќе биде во можност сам да ја запре флотата на НАТО.

Според информациите, модернизацијата на воениот брод „Адмирал Нахимов“ ќе биде завршена во 2022 година.


Напишете коментар