Влегувањето на новиот претседател на САД, eо Бајден, во Белата куќа не помина без инциденти – семејството Бајден чекаше некое време пред вратата од нивната резиденција за некој да ги пушти да влезат внатре.

Тоа беше кулминација на трансферот на власта: Претседателот Бајден и првата дама Џил Бајден тргнаа кон нивниот нов дом, се искачија по скалите на Северниот трем, мавтаа пред толпата додека воениот состав свиреше „Поздрави до Врховниот командант“ и се свртеа да влезат во Белата куќа. Но тогаш видеа дека е затворено.

Дали Трамп заборавил или намерно ја заклучич вратата не знаеме. По кратко вратата се отвори и влезе Бајден. Непријатната сцена траеше само неколку секунди, но не помина незабележано.