Околу 250 милиони медицински маски што Италија ги увезе минатата година од Кина, во текот на првиот бран на пандемијата, не филтрираат доволно добро и вирусот поминува низ нив, пишува весникот „Фанпејџ“, кој ја пренесува одлуката на властите дека маските кои веќе се дистрибуирани во здравствени установи и домови за стари лица, треба да се повлечат од употреба.

Министерството за здравство испрати предупредување за итни случаи со точни ознаки за 12 вида медицински маски од сериите Ffp2 и Ffp3, со налог за повлекување на маските од употреба, бидејќи тие имаат десет пати помалку моќ на филтрација отколку што е наведено на производот.

Со други зборови, се вели во написотт, тие се опасни за употреба, бидејќи луѓето што ги носат, тие маски не ги штитат од вирусот.

Предупредувањето дојде од здравствена установа од Гориција, направени се тестови, утврдено е дека маските не штитат доволно, а потоа обвинителството се вклучи во случајот.

Се испитува и одговорноста на поранешниот шеф на цивилната заштита, Доменик Аркури, кој одобри набавка на медицински маски, а набавката е платена една милијарда и 250 милиони евра.

Минатата година, кога беа увезени медицински маски, Научниот и техничкиот комитет на Владата, кој ја следеше и анализираше епидемиолошката состојба, ја одобри нивна употреба.