Пред почетокот на мечот меѓу Шкендија и Тотнем, голманите на англискиот тим му се пожалија на Мурињо дека головите се помали, пречката е пониска од тоа што треба да биде.

Тој го повика делегатот на УЕФА, по што беше утврдено дека навистина, голот е понизок за 5 сантиметри. Веднаш беше направена корекција, стативите беа заменети, мечот се играше со голови во нормална димензија, но срамот кој ни се случи го обиколи целиот свет. Речиси и да нема медиум кој не објави дека на стадионот во Македонија биле поставени голови со помали димензии. Веста се рашири низ целиот свет, на сите можни јазици.