Во Србија, којашто досега вакцинираше против Covid-19 повеќе од милион жители, во неделата пристигна првиот контингент од 150.000 дози од вакцината на англо-шведската фармацевтска копанија „AstraZeneca“ развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Вакцината е увезена од Индија, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ испораката ја пречекаа српскиот претседател Александар Николиќ, министерот за здравство Златибор Лончар, амбасадорката на Велика Британија во Србија, Сиан Меклеод и вршителот на должност на амбасадата на Индија, Виџаи Кумар.

Вучиќ притоа им се заблагодари на дипломатите од Британија и од Индија за нивната поддршка на Србија и што овозможиле да се увезе вакцината од индиските производствени погони.

„За ова беше потребен многу труд на нашата земја, но и на нашите пријатело од Обединетото Кралство и од Индија. Им благодариме на тоа што сакаа да не слушнат и да ѝ посветат на една мала Србија“, рече Вучиќ.

Вакцината на „AstraZeneca“, со американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, руската „Спутник V“ и кинеската „Sinopharm“, ќе биде четвртата вакцина во Србија којашто ја спроведува кампањата за имунизација во којашто досега се вакцинирани повеќе од милион луѓе.