На седницата на Кризниот штаб на Србија беше одлучено учениците да се вратат во училиштата. Членот на штабот, епидемиологот Предраг Кон вели дека ситуацијата повеќе не е во доменот на вонредна состојба.

Иако бројот на новозаболени е сè уште голем, околу 3.000 новозаразени на ден, членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, рече дека штабот уште претходно објави дека средношколците се враќаат на училиште на 19 април.

Според него, ако се гледа само бројот на новозаболени лица и ако се обрне внимание само на тоа, тогаш децата никогаш не би биле вратени во училиштата.

Според Кон, учениците ќе ја следат наставата според моделот од 1 септември – во смени, со помалку ученици на часовите, со обврска да носат маски.

Потоа следи мини празник на 30 април, така што нема време вирусот да се зголеми толку многу за толку кратко време и дека ситуацијата повеќе не е вонредна состојба, но додаде тој таа е се уште неповолна.