Средбата меѓу претставниците на Косово и Србија во Белата куќа во Вашингтон е официјално поместена за два дена, од 2 на 4 септември. Веста ја потврди портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Џон Улиот.

Советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан ги повика лидерите на Србија и Косово на средба во Вашингтон на 4 септември. Разговорите беа одложени за два дена поради усогласување на обврските и агендата.

Соединетите држави се радуваат за одржување на овие важни разговори со претседателот Вучиќ и со премиерот Хоти, изјави Улиот.

Според него, таа средба ќе ги подобри економските односи меѓу Косово и Србија.

Веруваме дека напредокот во економските прашања, вклучително и создавањето работни места и забрзување на економскиот раст, е првиот чекор во унапредувањето на мировниот процес, рече Улиот.

Првата средба во Вашингтон меѓу претставниците на Косово и Србија беше закажана за 27 јуни, но истата беше откажана по обвинението на Специјалниот суд против претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Средбата во Вашингтон, која првично беше закажана за 2 септември, ќе биде преместена на 4 септември за да може на неа да присуствува Претседателот на Соединетите држави.

Најавата дека Доналд Трамп може да биде присутен на таа средба во Вашингтон, која ја организира Ричард Гренел, со делегациите на Белград и Приштина, ја збуни Европската унија и предизвика вознемиреност во редовите на демократите кои се негови главни противници на американските претседателски избори.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *