Во Србија, во последните 24 часа од корона вирусот се заразени нови 4.994 лица од вкупно направени 17.645 тестови.

Во последните 24 часа од последиците од корона вирусот починале 24 лица.

Бројот на заразени и мртви за еден ден е најголем од почетокот на епидемијата.

Според Министерството за здравство на Србија, во болниците низ цела Србија има хоспитализирано 4.963 лица, а на апарати за дишење се 179 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 92.375 лица, а како резултат на тоа починале 1.054 лица.