Србија официјално побара одобрение од САД за набавка на 20 ловци бомбардери, пишува дневниот весник Информер!

Според пишувањето на Информер, на иницијатива на српскиот претседателот Александар Вучиќ, била донесена одлука максимално да се зајакнат потенцијалите на српската армија и да се набават познатите американски бомбардери по купувањето на руските „МИГ 29“.

Вашингтон сè уште не одговорил на барањето на Белград, а во случај Американците да не одговорат позитивно, можно е да се набават руски бомбардери „Сухој-25“.

Како што пишува Информер, воените експерти проценуваат дека оваа набавка ќе значи дополнителна воздушна поддршка на трупите на теренот, пред се во противоклопните битки.

Според пишувањето на Информер, претседателот Вучиќ и Владата на Србија неодамна испратија доверливо писмо до Вашингтон во кое се вели дека Србија е заинтересирана за набавка на бомбардери.

Србија сака да набави бомбардери од САД, па затоа од Вашингтон беше побарана официјална понуда за набавка на борбени авиони, кои припаѓаат на самиот врв на американската воена технологија. Американците сè уште не одговориле на тоа барање.

Прашање е дали САД ќе бидат подготвени да им продадат авиони на Србија со оглед на нивната силна воено-техничка соработка со Руската Федерација.

Според Информер, Белград има „план Б“ во случај Американците да не сакаат да соработуваат со Србија: Ако Вашингтон не даде „зелено светло“ за оваа набавка, државата најверојатно ќе се сврти кон Москва. Руската Федерација има одлични бомбардери „сухој-25“, кои во најновите модифицирани верзии воопшто не заостануваат зад американските авиони.


Напишете коментар