Рускиот фонд за директни инвестиции потпиша договор со Владата на Србија за испорака на два милиони дози од вакцината Спутник 5, соопшти денеска Фондот.

Како се наведува во соопштението, вакцините за Србија ќе се произведуваат со средства на меѓународни партнери во Индија, Кина, Јужна Кореја и други земји.

Првата тура од руските вакцини Спутник 5 пристигна во Србија на 30 декември, а денес започна имунизацијата со таа вакцина.

Претседателот на Националното собрание на Република Србија, Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи, Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек, ја примија руската вакцина против коронавирусот Спутник 5.

Тие биле вакцинирани во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми во Торлак.