Од Брисел децидни: Нашето финансирање не вклучуваше изградба на огради

Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија.

Локалните власти во Прешево информирале дека оградата треба да биде долга 147 километри и оти според најавите од властите во Белград, таква бариера ќе се постави и на границата со Бугарија.

Српската Влада засега официјално не се изјаснила за поставувањето на оградата на границата со Македонија. Македонските власти, пак, тврдат дека поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава.


Напишете коментар