Саша В. (30), граѓанин на Република Австрија, но и православен Србин, беше брутално претепан во Башка Вода.

Тој бил кукавички нападнат од зад грб, околу 19 часот додека им носел храна на сопругата и ќерките од ресторан за брза храна. Тројца напаѓачи го бутнале со удар во задниот дел на главата, следел невиден брутален шут, толку многу силен, што се ужаснале сите останати кои се нашле на местото во тој момент, од туристи до вработени во ресторанот чија близин се случил инцидентот, пренесува Јутарњи.хр.

Саша не ја знае вистинската причина, бидејќи напаѓачите не кажале ништо додека го тепале, но тој и неговата сопруга Мануела  се сомневаат дека тој станал мета поради тетоважите што ги има на своето тело. Тој има тетоважа со православен крст на листот од десната нога, и двата омилени клуба, Вердер Бремен и, за жал, Црвена ѕвезда од Белград, на левото рамо. На десната рака со кирилица го има истетовирано своето име, а околу вратот носел православен крст.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *