Како што во моментов стојат работите, Србите ќе треба да патуваат преку Халкидики, Тасос, Лефкада, и други омилени одморалишта, без разлика дали патуваат со приватен автомобил или автобус, преку Бугарија, бидејќи постојат мали шанси за границите на нашата држава да бидат отворени во наредните денови заради големиот број заразени со корона вирусот во оваа земја.

Меѓу оние кои веќе сакаат да патуваат за Грција, пред се поради претходно платените аранжмани, главното прашање е „кога точно се отвора границата“.

Со оглед на тоа што последниве денови во Грција се зголеми бројот на заразени лица, властите на оваа земја најавија построги контроли, но не се зборува за одложување на отворањето на границите кон соседните земји, т.е. дозволување на туристите од 29 земји, вклучително и Србија.

Според податоците на српските туристички претставници, кои работат во Грција, последната информација добиена од грчките власти е дека границите треба да бидат отворени во понеделник, 15 јуни, поточно во 14 часот по локално време.

Меѓутоа, интересно е дека огромното мнозинство Грци сакаат туристите кои пристигнуваат во земјата да бидат подложени на тестови за вирусот. Во истражувањето спроведено од АЛКО, 89% од испитаниците рекле дека треба да се тестираат туристите. Само осум проценти рекоа дека не се против тестирање, а три проценти рекоа „Не знам / не одговарам“.


Напишете коментар