Ситуацијата со коронавирусот во Србија последната недела е е до толку влошена што во последните 24 часа имаа регистрирани 352 нови случаи.

Поради тоа, во 10-тина општини и населени места има строги мерки, воведено е ограничување на движењето. Чекор понатаму во мерките измисли Ниш кој донесе одлука секој граѓанин задолжително да носи маска на отворено, а од претходно има одлука и за маски на затворено.

Сепак, најчудна е одлуката да нема забрана за работа на ноќните клубови и дискотеките – во нив ќе може да одите, но нема да биде дозволено стоење, односно ќе може само да се седи.


Напишете коментар